2.8 C
Skopje
16.3 C
Melbourne
Friday, 19 April, 2024
0
Дома Спорт УЕФА ги демантираше информациите: Финалето останува во Истанбул

УЕФА ги демантираше информациите: Финалето останува во Истанбул

Истанбул остана без финалето во Лигата на шампионите во 2020-та и 2021-ва година, но иако вчера се појавија информации дека може и по трет пат да остане без главниот настан, од УЕФА денеска ја демантираа ваквата информација.

„Дејли Мејл“ информираше дека комплицираната состојба во Истанбул поради претседателските избори можат да бидат сериозен ризик за финалето кое е закажно за 10-ти јуни, па иако во својата вест откри дека од УЕФА веќе го исконтактирале Лисабон за преземање на улогата домаќин, до ова најверојатно нема да дојде.

Европската фудбалска федерација денеска испрати кратко соопштение во јавноста по повод шпекулациите кои излегоа во текот на вчерашниот ден, со напомена дека главен организатор на настанот и натаму останува Истанбул.

– УЕФА сака да ја појасни позицијата за финалето во Лигата на шампионите за 2023-та година. Финалето оваа година ќе се одржи во Истанбул на 10-ти јуни, онака како што беше планирано.

– УЕФА не води никакви разговори во друга смисла со политички инситуции, влади или национални фудбалски сојузи, – се вели во соопштението.

Melbourne
broken clouds
16.3 ° C
17 °
15.1 °
67 %
6.7kmh
75 %
Fri
18 °
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img