Thursday, January 21, 2021
Home Македонија Ахмети: Стоиме рамо до рамо со нашите сожители Македонци за решавање на...

Ахмети: Стоиме рамо до рамо со нашите сожители Македонци за решавање на бугарскиот спор

Со Али Ахмети вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатиравме на интересни теми. Не можевме, а да не го прашаме за негов став околу прашањето со Бугарија.

Како Ахмети би го решил прашањето со Бугарија?

„Прашање на време е. Не мислам дека е ввреме да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети.

Тој додаде дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи ова му е еден од најголемите ангажмани, и убеден е дека тој ќе има резултати.

„Османи е доста активен, очекувам да има резултат. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста му честитам“, рече Ахмети кој истакна дека за двете страни, и за Бугарија и за Македонија, приоритет треба да е иднината, а не минатото.

Ахмети истакна надеж дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија.

Популарно