Thursday, January 21, 2021
Home Балкан Кафулињата и моловите до 18 часот, продавниците до 21 - нови рестрикции...

Кафулињата и моловите до 18 часот, продавниците до 21 – нови рестрикции во Србија

До 3 декември почнувајќи од денеска во Србија на сила се позначајни рестрикции – , до 18 часот е ограничено работното време на угостителските објекти – односно до толку ќе работат рестораните, кафулиња, барови, клубови, но и трговски центри, театри, кина и други културни институции.

Продавниците и другите малопродажни објекти ќе бидат отворени до 21 часот.

Аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна, можат да работат без ограничувања.

Србија презеде нови рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот во овој есенско-зимски бран. Српските епидемиолози се категорични дкеа граѓаните не се доследни во почтувањето на мерките и дека вирусот неконтролирано се прошири.

Популарно