Tuesday, July 5, 2022
HomeПопуларноБил Клинтон примен во болница поради инфекција

Бил Клинтон примен во болница поради инфекција

Како што јавува Си-ен-ен, здравствената состојба на Клинтон не е поврзана ниту со неговите претходни срцеви заболувања, ниту со ковид-19.

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон (75), е хоспитализиран на интензивна нега во медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила и во неговиот крвоток, јавува Си-ен-ен.

Лекарите информираат дека тој останува на болничко лекување со цел внимателно следење на неговата состојба. Според информациите, Клинтон е сместен на интензивна нега поради приватноста и безбедноста, а не поради тоа што му е потребна таква нега.

„По дводневно болничко лекување тој се чувствува добро и добро реагиран на терапијата“, велат лекарите од болницата и додаваат дека наскоро очекуваат Клинтон да биде пуштен на домашно лекување.

Како што јавува Си-ен-ен, здравствената состојба на Клинтон не е поврзана ниту со неговите претходни срцеви заболувања, ниту со ковид-19.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img