Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаМаричиќ: ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот максимум, во вториот круг ние ќе победиме...

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот максимум, во вториот круг ние ќе победиме во останатите општини

Работиме на терен и разговараме со граѓаните и за грешки и за она што може да се направи во наредниот период, вели Бојан Маричиќ од СДСМ во пред вториот изборен круг.

Бојан Маричиќ од СДСМ во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека резултатите во првиот изборен круг од локалните избори не се според нивните очекувања, но смета дека ништо не е изгубено, бидејќи во втиор круг очекуваа тпобеда во општините во кои водат, но и пресврт во оние општини каде нивните кандидати не се во водство.

„Ние имаме водство во повеќе општини, во 25 општини во вториот круг и имаме веќе девет освоени градоначалници. Но, веруваме дека од работата на терен овие денови и расположението се менува и дека пораката е прифатена од граѓаните. Работиме на максимална мобилизација на нашето членство и симпатизерите, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е сега јасно дека во вториот круг е важно да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на коалицијата која се обединува со цел да не застанеме тука, туку да продолжиме напред“, вели Маричиќ.

Тој кажа дека во секојдневните активности на терен со граѓаните се разговара за нивните грешки, но и за она што може да се понуди и да се реализира во наредниот период. Маричиќ смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 22 општини е максимум што оваа партија и нивната коалиција може да го направи на овие локални избори и затоа е убеден дека во вториот круг СДСМ ќе ги освои останатите општини.

„Мислам дека комуникацијата и со нашето членство и со граѓаните повторно е воспоставена и можам да кажам дека одејќи секојдневно на терен ситуацијата е значително подобрена. Ние очекуваме победа во сите оние општини каде што имаме водство, а очекуваме и пресврт во најголем дел таму каде што немаме водство. ВМРО-ДПМНЕ го постигна својот максимум, повеќе од тоа не може. Шансата е за нас во вториот круг, да победиме и да имаме исбалансирана слика на крајот од изборите“, рече Маричиќ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img