„Сега, кога се чини дека ја најдовме најдобрата ефикасност, треба да ја потврдиме, затоа треба да спроведеме дополнителна студија“, рече Паскал Сориот во интервју за Блумберг.

Резултатите од оваа нова меѓународна студија „може да се постигнат побрзо“ затоа што знаеме дека ефективноста е висока и затоа ни требаат помалку пациенти, рече тој.

Сориот не верува дека овој дополнителен тест ќе го забави одобрувањето на вакцините што треба да го дадат регулаторите на Европската унија и Велика Британија, но на американските власти ќе им треба уште малку време да дадат зелено светло.

Британската лабораторија во понеделникот, врз основа на големите клинички испитувања во Велика Британија и Бразил, објави дека вакцината е ефикасна во просек од 70 проценти.

Сепак, зад овој просечен резултат лежат големи разлики помеѓу двата различни протоколи. Така, ефикасноста изнесувала 90 проценти за волонтерите кои прво добиле половина од дозата, а потоа и целата доза еден месец подоцна, а за групата што ја примила целосната доза двапати, со разлика од еден месец, ефикасноста била 62 проценти. .

Лабораторијата објавила дека инјектирањето на половина од дозата во првата група е резултат на случајна грешка, така што само 3.000 пациенти биле подложени на ваков протокол, сепак овие резултати сугерираат дека таквата шема предизвикува подобар имунолошки одговор.

Сепак, критиките дојдоа токму затоа што станува збор за мала група волонтери и затоа што откритието е направено по грешка.

Понатаму, просечната возраст на групата која примила половина од дозата не надминува 55 години, со што се исклучуваат ризичните групи.

Новата студија треба да ја процени ефикасноста на вакцината со давање помала доза.

AstraZenecа има предност во однос на конкурентите затоа што користи потрадиционална технологија, затоа е поевтина и полесна за чување затоа што може да се чува на температура на обичен фрижидер, а не на екстремно ниски температури како во случајот на Moderna (-20 степени Целзиусови), или -80 за Pfizer / BioNTech.

Во понеделникот, AstraZeneca објави дека брзо ќе започне со производство на 3 милијарди дози што ќе бидат достапни во 2021 година. За споредба, Pfizer и нејзиниот партнер BioNTech објавија дека ќе произведат 1,3 милијарди дози до крајот на 2021 година.