Wednesday, December 1, 2021
HomeМакедонијаДИК треба да ги соопшти конечните резултати од првиот круг на локалните...

ДИК треба да ги соопшти конечните резултати од првиот круг на локалните избори

Според првичните резултати кои беа објавени, во првиот круг на 17 октомври, градоначалници се избрани во 34 општини
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Се очекува, претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите. Исто така, официјално треба да биде познат и бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.

Според првичните резултати кои беа објавени, во првиот круг на 17 октомври, градоначалници се избрани во 34 општини. Во 44, пак, на 31 октомври треба да се одржи втор круг, исто и во Град Скопје, додека во две општини – Центар Жупа и Маврово-Ростуше, ќе се прегласува бидејќи во првиот круг не беше исполнет цензусот на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img