Азербејџанските војници уништуваат ерменски гробишта во областите во кои презедоа контрола во регионот Нагорно – Карабах.
Видео со ваква содржина се појави на интернет.
Се слуша смеењето на лицето кое снима, а контроверзното видео беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“.
„Ова е причината зошто Ерменците понесоа со себе и надгродни плочи и телата на своите најблиски при напуштањето на Карабах“, изјави локален жител за тамошните медиуми.
Во регионот неколку седмици имаше воени дејствија, по што е потпишан мировен договор.
Пред да си заминат, Ерменците ги палеа своите куќи, но и ги откопаа покојните, за да нема сквернавење.