Жена од Сингапур која имала инфекција со коронавирус за време на бременоста родила момче кое има антитела на КОВИД-19, според „Стрејтс тајмс“.
На Селин Нгчен (31) и бил дијагностициран коронавирус во март, кога била во деветтата недела од бременоста. Според весникот, жената се заразила со вирусот кога се вратила од патување во Европа. Нејзината болест била лесна и две и пол недели подоцна била отпуштена од болницата. Во ноември, Нгчен роди момче по име Алдрин. Лекарите не пронашле коронавирус кај него по раѓањето, но антитела од вирусот имал.
“Многу е интересно. Педијатарот рече дека моите антитела кон КОВИД-19 ги нема, но Алдрин ги има. Мојот доктор претпоставува дека моите антитела се пренесени на плодот додека сум била бремена”, изјавила жената.