Tuesday, May 17, 2022
HomeСветРедок антарктички пингвин завршил на 3000км оддлачечениот Нов Зеланд

Редок антарктички пингвин завршил на 3000км оддлачечениот Нов Зеланд

Пингвин стигнал до брегот на Нов Зеланд, 3.000 километри далеку од своето природно живеалиште на Антарктик. Реткиот аделиски пингвин изгледал изгубено кога бил забележан од локален жител и крвните тестови што му биле направени утврдиле дека е малку ослабнат и дехидриран.

Ова е само трет ваков случај регистриран досега, по оние во 1962 и 1993 година.

„Прво помислив дека е играчка, но потоа пингвинот ја помрдна главата и сфатив дека е вистински. Тој не се помести еден час, изгледаше исцрпено“, изјави локалниот жител Хари Синг.

Тој повикал спасувачи кога видел дека пингвинот не влегува во вода. Томас Страке, кој се грижи за пингвини повеќе од 10 години, бил шокиран кога сфатил дека станува збор за аделиски пингвин, вид кој исклучиво живее на Антарктик.

Откако закрепнал, пингвинот бил пуштен на безбедна плажа на која нема кучиња.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img