Monday, May 16, 2022
HomeПопуларноБорисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Македонија, и...

Борисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Македонија, и тоа поради лошата надворешна политика на Радев

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Македонија да добие зелено светло за почеток на преговори и тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјавил за “НОВА ТВ” поранешниот бугарски претседател Бојко Борисов.

Борисов го цитирал францускиот претседател Емануел Макрон, кој рекол дека до декември Македонија треба да започне преговори, што според него значи дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки.

Според Борисов, Радев претставува штета за Бугарија, а рекол и дека тој ги поделил партиите во земјата во анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Бориов.

Бугарија во моментов ја предводи техничка влада, а во недела трет пат по ред ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во претходните два обиди никој не можел да формира влада.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img