Thursday, January 21, 2021
Home Австралија Сиднеј: Најтопла ноќ во последните 50 години

Сиднеј: Најтопла ноќ во последните 50 години

Делови од Австралија, вклучително и Сиднеј, поминаа низ најжешката ноќ во ноември, а се очекува температурите да останат високи и денес, поради што властите предупредија на опасност од пожари.

Во Сиднеј температурите вчера надминаа 40 Целзиусови степени, додека во делови од западен Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и северна Викторија се приближија до 45 степени.

Температурите се очекува да надминат 40 степени втор ден по ред, додека Заводот за метеорологија предвидува пет до шест дена топли бранови за делови на северен Нов Јужен Велс и северо-источен Квинсленд.

Австралија доживува потопли и подолги лета, а премиерот Скот Морисон минатогодишната сезона ја нарече „црно лето“ поради невообичаено долгите и интензивни пожари во кои изгореа скоро 12 милиони хектари и загинаа 33 лица и околу милијарда животни.

Руралната противпожарна служба денес издаде предупредување за пожари за поголемиот дел од источниот и североисточниот дел на Нов Јужен Велс, објаснувајќи дека постои „многу голема до сериозна опасност од пожари“, бидејќи врелиот налет на ветер ги влошува сувите услови.

Популарно