Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаПрифатена оставката на Заев, на 12-ти декември ќе се бира нов претседател...

Прифатена оставката на Заев, на 12-ти декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Заев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека постапката за кандидатура почнува од утре, а ќе трае седум дена. Можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата, а по изборот на нов претседател ќе следува избор на ново раководство.

На прашањето дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски за свој наследник, Кузеска кратко одговори:

„Станува збор за коментар за квалитети на еден човек, а претседателот ќе се бира на внатрепартиски избори“.

Заев ги информирал Извршниот и Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно и изнесува 61 пратеник, а ЦО сметал дека има простор за вклучување на Алтернатива во владиното мнозинство.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img