Tuesday, January 25, 2022
HomeПопуларноСнег три дена заробил 60 луѓе во британски паб: Супер ни е...

Снег три дена заробил 60 луѓе во британски паб: Супер ни е и не сакаме да си одиме !

Повеќе од 60 луѓе останале заробени во британскиот паб во Тан Хил Ин во планинската област Јоркшир Дејлс во петокот навечер.

Имено, хотелот бил покриен со околу три метри снег, а персоналот и гостите три ноќи по ред ги поминале во пабот, отсечени од остатокот од светот поради бурата Арвен.

 

Многумина спиеле на подот, но и покрај тоа, некои признаа дека не сакаат да си заминат. Нема недостиг од храна и пијалоци, а гостите нашле неколку начини како да се забавуваат,  гледале филмови, правеле квизови и разни игри.

И додека десетици илјади домови во Британија останаа без струја, луѓето од пабот добро се забавуваат.

Многу ни е убаво и сите се расположени. Навистина има добра атмосфера. Стекнавме пријатели, сите сме како големо семејство, тоа е најдобриот начин да се опише што ни се случува, изјави Никола Таунсенд (51), кој се надева дека откако ќе бидат ослободени, сите ќе останат во контакт.

Вчера, пабот организирал традиционален ручек пред гостите и вработените заедно да го украсат барот за Божиќ и да се подготват за караоке вечер.

Во меѓувреме, ископан е тунел на влезната врата на пабот, но околните патишта се уште не се целосно проодни поради скинатите кабли за струја.

Бурата Арвен досега однесе три животи, а ветровите кои дуваат со брзина од 160 километри на час предизвикаа хаос, оштетувајќи згради и прекинаа патишта и железници, оставајќи најмалку 450.000 домови без електрична енергија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img