Tuesday, January 25, 2022
HomeПопуларноБлинкен ја предупреди Русија за “сериозни последици“ ако изврши инвазија врз Украина

Блинкен ја предупреди Русија за “сериозни последици“ ако изврши инвазија врз Украина

„Мислам дека Москва е свесна за што станува збор, рече Блинкен по средбата со Лавров и изјави дека имале детална конверзација за загриженоста на САД, со оглед на распоредувањето војници на границата со Украина.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го предупреди својот руски колега за „сериозни последици“ ако Русија изврши инвазија врз Украина и апелираше до него да се вара дипломатско решение за конфликтот меѓу источно европските држави.

Предупредувањето на Блинкен до шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доаѓа откако двајцата виши дипломати се сретнаа во Стокхолм еден ден откако Блинкен порача дека САД ќе одговорат одлучно против руски напад против Украина, „вклучувајќи и голем сет на економски мерки кои што не сме ги искористиле во минатото“.

„Мислам дека Москва е свесна за што станува збор“, рече Блинкен по средбата со Лавров и изјави дека имале детална конверзација за загриженоста на САД, со оглед на распоредувањето војници на границата со Украина.

Блинкен пред средбата со Лавров рече дека САД ќе им помогнат на Русија и Украина да ги исполнат обврските од мировниот договор од 2014-та, чија цел е ставање крај на војната меѓу про-руските сепаратисти и украинските владини сили во источните делови од земјата.

Но, „ако Русија одлучи дека сака да го избере патот за конфронтација, тогаш ќе има сериозни последици“, предупреди Блинкен.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img