Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортЈунајтед го части Рангник, ќе добие бонус од 10.000.000 евра ако го...

Јунајтед го части Рангник, ќе добие бонус од 10.000.000 евра ако го доведе Халанд

Европските великани се подготвуваат за следното лето. Тогаш на сила ќе стапи откупната клаузула на Ерлинг Халанд, па сите заинтересирани клубови ќе можат да го доведат норвешкиот напаѓач за 75.000.000 евра.

Меѓутоа, не се сите во иста преговарачка позиција. Манчестер Јунајтед од понеделникот во своите раце има вреден адут – Ралф Рангник. Истиот има намера максимално да го искористи. Најпрво германскиот новинар од „Билд“, Кристијан Фалк, пренесе дека германскиот стручњак на радарот ја има „половина Бундеслига“, а сега истиот весник носи нова бомбастична вест – во Јунајтед за Рангник имаат подготвено бонус од 10.000.000 евра само за да го доведе Халанд на „Олд Трафорд“. Чист бонус на веќе договорените 7.500.000 евра за седум месеци во кои ќе ја има улогата на привремен тренер.

Германецот има мотиви, а има и свои адути. Наводно, Рангник одиграл голема улога во трансферот на норвешкото чудо во Салцбург пред речиси две години. Притоа е во одлични односи со таткото на Халанд, Алф Инге и агентот Мино Раиола, со кои веќе се сретна во неколку наврати во зимата 2019/20, кога се обидуваше да го привлече во Лајпциг.

Сепак, тогаш Ерлинг процени дека Дортмунд би бил најдобрата средина за неговиот развој. И дефинитивно погоди. Сега пред Рангник е истата мисија, само со значително поголем финансиски мотив. Од останатите имиња на листата на потенцијални засилувања се наоѓаат уште и Кристофер Нкунку, Тимо Вернер и Амаду Хаидара.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img