Wednesday, January 20, 2021
Home Спорт Арсенал не бил вака лош речиси четири децении, на Артета не му...

Арсенал не бил вака лош речиси четири децении, на Артета не му е гајле

Синоќа Арсенал доживеа пораз на домашен терен од Вулверхемптон и со тоа го означи најлошиот старт на сезоната од 1981 година наваму.

„Топчиите“ освоија само бод во последните три кола и во моментов е на 14. место на табелата со само 13 бода. Интересно е тоа што менаџерот Микел Артета тоа не го загрижува премногу.

„Кога одлучив да станам тренер, знаев дека еден ден ќе добијам отказ или ќе го напуштам клубот, но не знам кога ќе се случи тоа. Затоа воопшто не се грижам, моја единствена задача е да го извлечам најдоброто од своите играчи“, изјави Артета.

Лондонскиот клуб в четврток има меч од Лигата Европа против Рапид, а веднаш потоа следува дербито на северен Лондон, против Тотенхем.

Популарно