Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаПротуѓер: Груевски ми спомна дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на...

Протуѓер: Груевски ми спомна дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно

Еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, Мартин Протуѓер, денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на Водно”, пишува Фокус. Тој појасни дека од 2005 година почнал да работи во ВМРО-ДПМНЕ, најпрвин како шеф на кабинетот на претседателот, а потоа од 2008 до 2011 година бил именуван за генерален секретар на партијата.

Протуѓер истакна дека иако со функцијата генерален секретар ја добил и обврската околу финансирањето на партијата , рече дека никогаш , ниту се разбирал, ниту се мешал во финансиите на тогашната владејачка партија. Прашан кој се грижел околу финансирањето, Протуѓер рече дека за таа обврска имало многу органи на партијата кои го контролирале таквото работење.

На прашањето пак дали имало сеф во партиското седиште, тој одговори потврдно.

Таков сеф имаше и беше во канцеларијата на генералниот секретар. Јас таа канцеларија ретко сум ја користел, од време на време, за состаноци, зошто беше поголема. Таков сеф имаше таму, но јас во целиот тој период ниту можам да кажам што имало, дали имало материјални средства и колку, тоа не би знаел да кажам зошто не знам. Се зборуваше дека има документација која е од значење на партијата, статути, одлуки, но и дека има одредени финансиски средства. Разбирав дека има средства за редовните трошоци, хартија, сијалици, но за волја на вистината не можам да го потврдам со сигурност, вели Протуѓер.

Протуѓер одговараше и на прашања поврзани со тоа дали некогаш со Никола Груевски разговарале за купување, продавање или земање под закуп на имот.

Би сакал да појаснам дека од 2005 година имавме коректен однос. Сме дискутирале на најразлични теми поврзани со секојденвниот живот, од политички до приватни теми.

Груевски сакал да живее во куќа
Се сеќавам дека во повеќе наврати зборувавме за тоа кој каде би сакал да живее по завршување на мандатот. Му велев дека цел живот живеам во стан и не би менувал. Но тој и покрај тоа што исто така што живееше во стан, рече дека сака да живее во куќа, рече Протуѓер.

Тој откри и дека Груевски му кажал дека сака да живее во Сопиште.

Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа, мислеше дека така ќе најде мир, рече сведокот.

Протуѓер сподели и дека Груевски му спомнал дека купил земјиште на Водно.

Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, за други детали не сме разговарале. Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сака да каже нешто не кажуваше, рече Протуѓер.

Тој појасни дека кога тогашната опозиција ја отворила темата за плацевите на Водно, помислив дека се работи за истото земјиште.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img