Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаНова влада: Мицкоски немаше да биде премиер, ВМРО ДПМНЕ ќе имале само...

Нова влада: Мицкоски немаше да биде премиер, ВМРО ДПМНЕ ќе имале само три министри, кој ќе беше новиот шпицен кандидат!?

Во јавноста се појавуваат нови информации за операцијата која на 11 ноември требаше да заврши со рушење на владата на Зоран Заев и формирање на ново мнозинство. Според последните информации до кои дојде порталот Во Центар, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски воопшто не бил кандидат да биде мандатар за формирање или премиер на таа нова влада.

Тоа фрла нова светлина врз процесите. Како да се одвивале два паралелни процеси. И како во тие процеси да учествувале две структури на опозицијата.

Според информациите на порталот Во Центар во таа нова влада би требало да има само два до три министри од партијата ВМРО ДПМНЕ. Според таа опција премиер на таа влада требало да биде Живко Мукаетов. Ние разговаравме со некои лидери од партиите ( некои од нив тогаш биле и се уште се дел од владината коалиција) на кој им било кажано дека Мукаетов ја нема одбиено таа опција и дека интензивно се разговара со него. Дури и дел од новинарите блиски на опозицијата во своите јавни настапи оддеднаш почнаа да ја кажуваат таа опција со Мукаетов како лидер на владата.

Тоа е процес кој на крајот требало да заврши со постепена подготовка Мицкоски да биде премиер бидејќи во моментот тој е неприфатлив за маѓународната заедница. Односно, да се направи некоја операција како на Косово со Албин Курти.

Втората опција била да се оди на брзи избори, а тоа значи да нема влада предводена од Мукаетов. За таа опција во емисијата Во Центар зборуваше поранешниот потпретседател на партијата БЕСА, Кастриот Реџепи. Според Реџепи во нивното партиско седиште дошол потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски и донел четири бланко листови на кои тие требале да стават потпис, а на кои предходно биле потпишани и други пратеници.

Првиот лист бил за гласање недоверба на владата. Вториот за смена на Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Третиот за барање мандат за состав на нова влада од Претседателот Пандаровски. И четвртиот за гласање на предвремени избори.

Во оваа втора опција немало варијанта за влада предводена од Мукаетов која би ги решила клучните прашања во државата. Што ќе рече дека таа втора варијанта веднаш или најдоцна по предвремените парламентарни избори би го турнала Мицкоски како кандидат за премиер на се уште неподготвен терен кај меѓународната заедница.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img