Ова коло во Премиерлигата, на „Енфилд Роуд“ гостува Астон Вила на чело со Стивен Џерард, клупската легенда на „црвените“.
Несомнено тоа ќе биде натпревар со емоции кај навивачите, а самиот Стиви Џи како што популарно го нарекуваат, истакна дека доаѓаат на Енфилд за да им ја отежнат работата на Ливерпул.
„Навистина почитувам и разбирам за цела гужва околу овој натпревар, јасни се причините. За мене е најдобро да ја подготвам екипата, да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Одиме на ова гостување со цел да им ја отежниме работата и да бидеме опасни“, истакна Џерард.
Ливерпул е втор на табелата со 34 бодови, додека Астон Вила е на 10. позиција со освоени 19 бодови.
Натпреварот се игра утре попладне од 16 часот.