Една од трите мега-ѕвезди во составот на Нетс би можел да се врати во екипата пред крајот на оваа година, тврдат релевантни американски медиуми.
Иако не се објавуваат детали како би се извело тоа, се наведува дека Бруклин може да го користи Кајри Ирвинг барем на натпреварите на гостински терен кога веќе во Њујорк им е забрането на невакцинираните спортисти да играат и тренираат. Нетс и досега можеа на тој начин да го вклучат Ирвинг во екипата, но не го правеа тоа. Ирвинг може да тренира со екипата кога е надвор од градот, односно во серија гостински натпревари и на тој начин да се врати во ритам.
И без него, Бруклин игра одлично и во моментов е на првото место на табелата во Источната конференција, но ако Ирвинг успее да се врати во формата од минатата сезона кога просечно постигнуваше по 26,3 поени, 5,6 асистенции и 4,9 скока, ќе има голем придонес во играта на својот тим.