Tuesday, July 5, 2022
HomeСветВо Индонезија земјотрес со сила од 7,3 степени

Во Индонезија земјотрес со сила од 7,3 степени

Земјотрес со сила од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт, додека мониторите предупредија на можноста од опасни бранови од цунами.

Американскиот институт соопшти дека земјотресот се случил на околу 100 километри северно од градот Маумере на длабочина од 18,5 километри во морето Флорес. Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека „можни се опасни бранови за бреговите лоцирани на 1.000 километри од епицентарот на земјотресот“.

Се наведува дека веројатноста за жртви е мала, но истовремено се потсетува дека „неодамнешните земјотреси во оваа област предизвикаа секундарни опасности како што се цунами и лизгање на земјиштето што може да придонесе за загуби“. Индонезија доживува чести земјотреси и вулкански ерупции поради нејзината позиција на Пацифичкиот „Огнен прстен“, лак на интензивна сеизмичка активност каде што се судираат тектонските плочи што се протегаат од Јапонија преку Југоисточна Азија и низ пацифичкиот басен. Меѓу низата смртоносни земјотреси во Индонезија беше и разорниот потрес од 9,1 степени според Рихтер од 2004 година што го погоди брегот на Суматра и предизвика цунами во кое загинаа 220.000 во целиот регион.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img