Wednesday, January 20, 2021
Home Македонија ИНТЕГРА упати понуда за потпишување на Меморандум за соработка и формирање на...

ИНТЕГРА упати понуда за потпишување на Меморандум за соработка и формирање на антивладин фронт

Претседателството на ИНТЕГРА на својата 42/43-та седница, во полн состав, едногласно ја усвои Одлуката да упатиме како партија, понуда за потпишување на Меморандум за соработка и формирање на антивладин фронт и отпочнување на т.н. ‘ТАТКОВИНСКА РЕВОЛУЦИЈА’, до претпоставено патриотските опозициски политички субјекти во Парламентот, вон – парламентот и до дел од партии од владината коалиција кои оставиле во јавност, маркери за постоење патриотски елементи.
Целта е соборување од власт на владата на СДС*, избор на нова татковинска Влада на национален спас со едногодишен мандат, до редовниот термин за локалните избори 2021 година, кога би се организирале нови предвремени парламентарни избори.
Очекуваме одзив од сите патриотски национални сили, здрав разум за постапување по гласот на народот и конечно зрак на надеж за пројава на македонско национално единство во татковината.
Со посебен допис, Меморандумот ќе биде доставен до лидерите на таргетираните политички партии, до медиумите и ќе биде претставен и образложен на прес конференција во среда во 11.55 во Штип, х. Оаза.
Нека е благословен овој пионерски исчекор кон возобновување на македонското национално единство.

Популарно