Thursday, January 20, 2022
HomeПопуларноВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја приватизира итната помош за ќар на поединци

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја приватизира итната помош за ќар на поединци

Владата наместо да вработи лекари и да им зголеми плати, ја приватизира итната помош за ќар на поединци. Власта низ мала врата сака да протурка законски измени за приватизација на итната помош. И од тоа ќар ќе имаат само поединци, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, да вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати.

Заев и Ковачевски не можат да ја убедат јавноста дека за државата не е исплатливо отворање на итна помош каде што ја нема, но затоа ќе биде исплатливо за приватен инвеститор.

Наместо да гледаат да го наполнат џебот на лице блиско до Заев и Ковачевски, од СДСМ да го повлечат законот, зошто профитот за кој се пазарат не е од парите на Заев и Ковачевски, туку од буџетот на народот“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img