Saturday, January 22, 2022
HomeСпортАларм на Островот: Премиерлигашите размислуваат за одложување на целото коло

Аларм на Островот: Премиерлигашите размислуваат за одложување на целото коло

Актуелната ситуација со коронавирусот претходните недели влијаеше на откажување на низа натпревари во Премиер лигата и го вклучи алармот на Островот. Имено, клубовите од елитниот ранг во Англија закажаа за утре итен состанок на кој ќе се разгледува опцијата за одложување на празничните натпревари, а како што дознава „Атлетик“ идејата е да се пролонгира целото 20-то коло.

Доколку биде усвоен предлогот, сите натпревари закажани за 28, 29 и 30 декември би биле поместени за 2022 година со цел да се спречи влошување на здравствената ситуација во клубовите. Официјалната одлука ќе биде донесена на утрешниот состанок закажан за 13 часот, додека за следните чекори ќе се разговара и подоцна во текот на денот на состаноците на челнциите на Премиер лигата со стратезите на клубовите и капитените.

За потсетување, овој викенд беа одложени шест натпревари поради коронавирусот, доедка Челзи поради зголемениот број на заразени на клупата имаше само шест резерви. Исто така, Ливерпул во дербито со Тотенхем излезе без Вирџил ван Дајк, Фабињо и Тијаго Алкантара кои беа заразени.

Според информациите од Островот, менаџерите на премиерлигашките клубови се обединети во загриженоста кога станува збор за одржливоста на досегашната пракса и густата низа на натпревари во текот на празниците. Стравот на учесниците е дека во текот на трите врзани кола во кои дел од клубовите би требало да одиграат и по три натпревари во една недела би можело да дојде до раст на заразените и нови одложувања.

Главната пречка во креирањето на решенија ќе биде како сите одложени натпревари да се сместат во и онака густиот календар, меѓутоа некомплетираните кола имаат мошне негативен ефект на натпреварувањето, но и на бројни други сегменти тесно поврзани со англискиот шампионат.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img