Thursday, January 27, 2022
HomeБалкан„Отворен Балкан“ во Тирана – поради безбедносни причини, Рама ги пречека Вучиќ...

„Отворен Балкан“ во Тирана – поради безбедносни причини, Рама ги пречека Вучиќ и Заев во Елбасан

На потпишувањето на 5 договори, билатерални и трилатерални меѓу членките на „Отворен Балкан“ ќе му претходи службена вечера меѓу премиерот на Албанија, Еди Рама, Премиерот на Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Со делегација тројцата лидери ќе вечераат во приватен амбиент во Лабинот- Елбасан, на истото место каде премиерот Еди Рама одржа состанок со двете Влади на Косово и Албанија и наздрави со амбасадорите.

Во вторник во Палатата на Бригадите, откако сите договори првично се усвоени во албанската Влада, Рама, Вучиќ и Заев, ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи, употребата на ист систем за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, реципрочно признавање на економските оператори и последната одлука.

„За пат се отвора извозот за сите сточарски производи, вклучувајќи го тука и живиот добиток, според принципот на реципроцитет. За прв пат се признаваат фито-санитарните сертификати на ветеринарството, здравствените и фито-санитарните. Реципрочно се признаваат и акредитираните и овластените лаборатории со укинување на дополнителните трошоци за бизнисите, се намалува времето за поминување на граници“, вели Фрида Крифца.

На средбата меѓу тројцата лидери ќе се одржи и форум за земјоделство и регионална соработка. Освен делегациите од министерствата за финансии, земјоделство, претседателите на стопанските комори од трите земји,  на „Отворен Балкан“ виртуелно ќе присуствува и Комесарот за проширување, Оливер Вархелји, а присутни ќе биде Џим Обрајен, висок советник на Атлантскиот Совет и Алекс Сорос, потпретседател на фондацијата „Отворено општество“.

На затворањето, Рама, Вучиќ и Заев за кого ова ќе биде последен пат како на „Отворен Балкан“ поради неговата оставка од функцијата премиер на Македонија, ќе одговорат на новинарски прашања.

И овој состанок, кој е 9 на оваа иницијатива, за кого и ЕУ и САД побарале да биде сеопфатен,  се затвора со одбивање за учество од страна на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img