Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортДвајца играчи на ПСЖ се заразени со корона вирус пред мечот со...

Двајца играчи на ПСЖ се заразени со корона вирус пред мечот со Лориен

Париз Сен Жермен потврди дека двајца играчи од овој тим, Тило Керер и Ерик Јуниор Дина Ебимбе се заразени со корона вирусот. Младиот Германец и Французин ќе го пропуштат мечот со Лориен кој на програмата е вечерва од 21 часот.

Керер оваа сезона одигра 12 натпревари во француската Лига 1, девет како стартер, додека Дина запиша седум натпревари, три од првата минута.

Покрај нив двајца вечерва нема да игра Леонардо Паредес. Аргентинецот од претпазливост отиде во самоизолација.

Добрата вест за парижаните е што на почетокот на 2022 година на тимот ќе му се приклучат моментално отсутните Јулијан Дракслер, Лајвин Курзава и Хуан Бернат.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img