Thursday, January 20, 2022
HomeСветПолскиот премиер: ЕУ оди кон бирократски централизам, тоа мора да спречи

Полскиот премиер: ЕУ оди кон бирократски централизам, тоа мора да спречи

Полскиот премиер го критикуваше денес Брисел поради „бирократскиот централизам“ бидејќи почна нова постапка поради одлуките на полскиот уставен суд кои ја доведуваат во прашање надреденоста на европското право над националното.

Премиерот Матеуш Моравјецки кажа дека одлуката на Европската комисија да почне нова постапка против Варшава покажува дека „тенденцијата на Брисел кон развој на демократски централизам, бирократски централизам напредува, но тоа мора да сопре“.

Тој истакна дека не се согласува со одлуката на Европската комисија.

„Мислам дека сè повеќе држави членки на ЕУ гледаат дека на крајот некаде мора да постои граница на надлежноста, она за што Европската комисија може да одлучува и она за што може да одлучува полската држава“.

Европската комисија почна денес постапка против Полска поради одлуките на полскиот уставен суд, со кои одлучи дека некои одредби на договорот на ЕУ не се во согласност со полскиот устав, доведувајќи го во прашање приматот на европското право.

ЕК ѝ испрати денес на Полска официјална опомена, што е првиот чекор во постапката која може да заврши пред Судот на ЕУ. Полска има два месеци за одговор на опомената.

Комисијата смета дека пресудите на полскиот уставен суд ги кршат основните принципи на автономијата, приматот на правото на ЕУ, ефикасноста и едноличната примена на правото во Унијата и обврзувачкиот ефект на пресудите на Судот на ЕУ.

Комисијата ја доведува во прашање и независноста и објективноста на полскиот уставен суд и смета дека тој не ги исполнува барањата за да се смета за суд според претходно усвоениот закон.

Полска веќе неколку години е во судир со ЕК поради правосудната реформа која ја спроведува тамошната националистичка владејачка коалиција, а Судот на ЕУ веќе донесе некои одлуки против Варшава.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img