Tuesday, January 25, 2022
HomeБалканПродолжува спасувачката акција во Грција откако се преврти чамец со мигранти, еден...

Продолжува спасувачката акција во Грција откако се преврти чамец со мигранти, еден загинат и 12 спасени

Патролен брод на грчката крајбрежна служба извлекла едно безживотно тело, спасени се 12 лица, а непознат е бројот на исчезнати, откако синоќа потона чамец со бегалци и мигранти во морскиот дел јужно од островот Фолегандрос, а во тек е спасувачка акција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба попладнево соопштија дека продолжуваат со спасувачка акција што почна доцна синоќа и вклучени се еден брод, три патролни бродови на крајбрежната служба, осум бродови што се во близина и три приватни, хеликоптер и фрегата од воената морнарица и еден хеликоптер Супер пума.

Спасените 12 лица, 11 мажи и една жена, биле во мал помошен чамец, а само двајца имале спасувачки елеци и сите биле префрлени во болницата на островот Санторини.

Дел од спасените првично рекле дека во чамецот со кој се превезувале имало околу 30 лица, но подоцна, еден од спасените изјавил дека биле околу 50 луѓе.

Грчката крајбрежна служба синоќа била известена дека чамецот е во лоша позиција поради проблем со моторот, а потоа почнал да се полни со вода.

Според грчките медиуми, чамецот со бегалци и мигранти тргнал од турското крајбрежје, а крајната дестинација била Италија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img