Sunday, August 14, 2022
HomeБалканЉубица тврди дека во Грција може да летува цели 11 дена за...

Љубица тврди дека во Грција може да летува цели 11 дена за 20 евра

Летната сезона полека започнува и веќе дел од граѓаните го минуваат времето на некој од плажите во Македонија или соседните држави. Други пак дури допрва ќе патуваат во државите како што се Грција, Бугарија, Албанија или пак подалечните или егзотични држави. Но по социјалните мрежи поточно во групи, честа тема е летувањето во Грција, односно колку би чинело патување и што и како е потребно. „Дали може да се помине еден ден во некое од грчките летувалишта со 10 евра по лице? гласеше едно од објавите а Љубица му одговори соодветно. „Да, се разбира. Вие велите по лице, што значи дека едно семејство или група од четири лица би имале на располагање 40 евра дневно. Во пракса, тоа значи дека некогаш би потрошиле 20, понекогаш 50 евра дневно. (не ви треба масло, мед или ориз секој ден). Ако зготвите кесичка супа, за ручек испржете компири или пиперки или каков било зеленчук за појадок, паштети, мафини и чај, гиро за вечера, сувлаки или плескавици може да чинат 10 евра. “Секако дека може. Се зависи од вашите афинитети и апетити. Многу ме нер вираат луѓето кои мораат да се оп ијанат и прејадуваат по секоја цена на море, како да нема утре, додава таа. ,, Ќе земете повеќе продукти од дома и таму ќе го наполните фрижидерот, купувајте малку во маркети, некои денови на лежалки а некој не. ,, Треба едноставно да уживата, таму е доста поскапо, ќе си земете од дома сувомеснати производи, бисквити, некој супи. ,, Шетајте покрај морето со звукот на брановите, флрајте камчиња, тоа е неописливо, не е се во храната, чувајте ја вашата насмевка на лицето. „Можеби и помалку од 10 евра по човек ако си рационален. Со тие пари можеш да си дозволиш ручек или вечера и нормално сладолед, крофни. На одмор сме поради море и песок, ретко користам лежалки, сакам песок и таму има заштеда. Секако дека е можно, јас и другарка ми ќе ставиме во паричник по 10 евра и ќе ни бидат доволни за  11 дена. Пиеме кафе во станот, не јадеме леб, не пиеме сокови и други пијалоци, купуваме кисело млеко, зеленчук и овошје, а од дома носиме сувомеснати производи и набрзина готвиме нешто.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img