Алексеј Навални, политички непријател на Владимир Путин, откри на Телеграм каде се наоѓа. Тој рече дека е префрлен во друг затвор и дека се наоѓа во карантин. Тој на Телеграм напиша дека е префрлен во затворот ИК-6 кој е максимално обезбеден, пренесува АП. Затворот се наоѓа во селото Мелеково во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.
Затворот во кој сега се наоѓа Навални е сместен на 150 километри од строгиот руски казнено-поправен дом во градот Покров. Објектот во градот Покров се издвојува меѓу руските казнено-поправни установи по особено строгите рутини на затворениците, каде затворениците треба да стојат со часови.
„Моето вселенско патување продолжува. Се селам од место до место. Затворен сум во најстрогиот затвор и сум во карантин“, напиша Навални, но не откри какви се условите во затворот.
Навални во вторникот исчезна од казнено-поправниот дом каде што беше затворен, а неговиот тим соопшти дека не знае каде се наоѓа. Навални беше уапсен минатата година кога се врати од лекување во Германија каде заврши откако беше отруен од труење со новичок.