Sunday, August 14, 2022
HomeБалканМицкоски: Нема промена на Уставот додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Нема промена на Уставот додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот за кревање на бугарското вето, за кој власта се прави дека не го видела, претставува обид за асимилација и бугаризација на македонскиот народ, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата со барање за предвремени парламентарни избори. Мицкоски рече дека додека е тој претседател на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да обезбеди двотретинско мнозинстсво во парламентот за промена на Уставот во контекст на бугарските барања. Од Софија побара да се извини за ѕверствата врз македонскиот народ.

Во обраќањето на протестот, Мицкоски рече дека го отфрла францускиот предлог за кревање на бугарското вето. Во тој дел од својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече:

„Главното ветување на СДСМ беше датум за преговори со ЕУ. Нѐ понижија и предадоа. Но 22 години сме во чекалницата на ЕУ. Овој народ и Македонија дадоа многу, а за возврат не добија ништо. Поради лошата политичка стратегија на власта на младите луѓе им се одзема иднината.

А сега, пристигна последниот предлог од ЕУ за кој власта се прави дека не го видела, ама го преговарала. Тој предлог е капитулација без одлагање, дипломатски нокаут и бугаризација на рати.

Во предлогот нема датум за почеток на преговори, туку услов да се отвори Уставот и да се реализираат барањата на Софија. Лажеа дека не преговараат за јазикот и идентитетот. А владините пера пишуваат дека е заштитен идентитетот. Срамота! Предлогот е асимилација, бугаризација, па потоа европеизација, или ние никогаш нема да бидеме дел од Европа.

Му порачувам на Димитар Ковачевски. Знам дека си меѓу наковалната и чеканот. Твојот коалициски партнер ти вели да не го отфрлиш предлогот зашто ќе те напушти. Но ние и овој народ ти велиме: Одбиј го предлогот, стоиме зад тебе. Охрабри се и биди со народот. Народот ќе те оправда ако го одбиеш предлогот.

На Бугарија ѝ порачувам дека нема да прифатиме понижувачки договор на штета на националните интереси. А ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или насила да го прифати, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да го прифати и спроведува.

И уште една порака до Софија. Наместо овде во Скопје да клекнете на колена и да се извините за злоделата за време на фашистичката окупација во Втората светска војна, сакате да ни ја ретушира историјата. Тоа не се европски вредности.

Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот по барање на Бугарија нема да се смени, нема да има двотретинско мнозинство во Собранието, зашто таквото мнозинство зависи од ВМРО-ДПМНЕ“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img