Sunday, August 14, 2022
HomeПопуларноСТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСИЈА – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ ДВЕ ЗЕМЈИ! Еден потег може...

СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСИЈА – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ ДВЕ ЗЕМЈИ! Еден потег може да доведе до НУКЛЕАРНА војна во централна Европа!

Одговарајќи на говорот на поранешниот полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски, висок руски политичар предупреди дека делови од Европа може да „исчезнат“ при нуклеарен напад. Сикорски, кој сега е член на Европскиот парламент, предложи НАТО да и снабди на Украина нуклеарни боеви глави, пишува Дејли Стар. Тој за украинскиот информативен канал Еспресо ТВ изјави дека Западот треба да има право да и даде нуклеарни боеви глави на Украина, доколку тоа е она што е потребно за да се заштити нејзината независност. Но, во жесток одговор, Вјачеслав Володин, шеф на руската Државна дума, предупреди дека ако западните влади му дадат нуклеарно оpужје на Киев, тоа ќе доведе до нуклеарна војна во срцето на Европа и дека Полска и Украина може да „исчезнат“. За време на советската ера, нуклеарни проектили беа стационирани во Украина, но сите беа отстранети според условите од договорот од 1994 година. Во Будимпештанскиот меморандум се наведува дека ниту една земја не смее да користи нуклеарно оpужје против Украина „освен за самоодбрана или на друг начин во согласност со Повелбата на Обединетите нации“. Според Сикорски, Русија сега го „прекршила меморандумот“ и затоа е легитимно Западот да и даде на Украина, како што ја нарекува, „можност да ја брани својата независност“. Реагирајќи на својот Телеграм канал, Володин напиша дека Европа наскоро ќе има „многу посериозни проблеми“ од сегашната финансиска, енергетска и бегалска кpиза. „Сикорски провоцира нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Тој не размислува за иднината на Украина или Полска. Доколку се спроведат неговите предлози, овие земји ќе исчезнат, како и Европа. Луѓето како Сикорски треба да ја ослободат Украина не само од Нацистичката идеологија, но и да ја демилитаризира, обезбедувајќи и ненуклеарен статус“, рече Володин. Најголемата битка во Украина моментално се води околу градот Северодонецк. Сите три моста од градот беа уништени, оставајќи заробени украински борци и цивили. Руските сили, користејќи масовни артилериски и ракетни напади, ги истиснаа украинските војници од центарот на градот, но двете страни жестоко се борат за „буквално секој агол“!

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img