Sunday, August 14, 2022
HomeСветТурција ги сака грчките острови Родос и Кос за себе? Ердоган се...

Турција ги сака грчките острови Родос и Кос за себе? Ердоган се заканува: Атина нека внимава што прави, не се шегувам

На турскиот провладин ТВ канал “Хабер Турк” се емитува емисија која зборува за турско-грчката граница. Во позадина се гледа карта на Турција и Грција. Еден од гостите во студиото, новинарот Гуркан Зенгин, застанал со стап пред картата и го насочил на најистурената западна точка на турското копно, повлекувајќи голема црта кон југ. Тој верува дека тоа би требало да биде границата меѓу Грција и Турција. Тоа, меѓутоа, би значело дека неколку грчки острови, како што се туристичките центри Родос и Кос, би станале турска територија, пишува “Deutsche Welle”.

Овој ТВ исечок во последните денови како пожар се проширил на социјалните мрежи во Грција, бидејќи тоа што новинарот Зенгин го презентирал на телевизија на прилично популистички начин, одговара на тоа што последните денови и седмици може да се слушне од високите турски политичари.

Минатата недела турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отишол на голем воен маневар во Измир, град во пристаништето на Егејското море, во кој биле вклучени и сојузници од НАТО. Во својот говор неколку пати ја обвинил Грција дека милитаризира низа егејски острови кршејќи го меѓународното право и ја предупредил Атина на последиците од понатамошно вооружување. „Атина би требало да избегнува сништа, изјави и постапки поради кои би можела да зажали. Таквите постапки би можеле да имаат катастрофални последици“, рекол Ердоган и додал: „Не се шегувам“

Потоа оваа изјава ја објавил и на англиски и грчки јазик преку својот профил на Твитер

Во Грција тоа се сфаќа како јасна закана за војна. Сепак, владата во Атина досега реагирала мирно. Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас на самитот на земјите на југоисточна Европа во Солун рекол дека нема “да придонесе за ескалација со соседна Турција со навредиливи изјави, незаконски и непримерни барања и обвиненија”.

Грчкото министерство за надворешни работи исто така објавило 15 карти наменети за документирање на “размерите на турскиот ревизионизам”. Намерата им е да ги покажат турските територијални претензии од 1923-та година до денес.

Со оглед на овие закани, кои доаѓаат од Турција, Атина гледа потврда во својата одлука да не ги демилитаризира островите во источниот дел на Егејското море. Грција така го остварува своето право на самоодбрана. На западниот брег на Турција постојат десантни бродови. Освен тоа, турските борбени авиони моментално секојдневно го нарушуваат грчкиот воздушен простор. Прелетуваат дури и преку големи населени острови како Родос, Самос и Кос. Таа, пред се вербална ескалација, создава кај многу Грци чувство на мачнина. Повеќето се надеваат дека воената реторика на турскиот претседател е само дел од стратегијата во рамките на изборната кампања. Во Турција идната година се одржуваат претседателски избори, а Ердоган најавил дека сака повторно да се кандидира.

Но, економската ситуација во Турција е лоша, а инфлацијата, според официјалните податоци, изнесува повеќе од 70 проценти. Зошто тогаш, со цел да го одвлече вниманието, да не го распали судирот кој е присутен со децении? Никој всушност не се осудува да предвиди до каде ќе оди Ердоган. Но, Грците добро се сеќаваат на летото во 2020-та година кога турски и грчки бродови се соочиле во источниот Медитеран.

Во фокусот на територијалниот спор првенствено е групата острови со име Додеканези, која го вклучува и Родос, но и други населени острови како Лезбос, Самос и Кос. Турско-грчката граница всушност е регулирана речиси 100 години, но прашањето за суверените права во источниот дел на Егејското море е комплицирано – кога ќе се има во предвид меѓународното право. Договорот од Лозана (1923-та) и договорот од Париз (1947-ма), на пример, одредуваат кои острови и се доделени на која земја, но и дека некои острови не смее да се милитаризираат.

 

 

 

 

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img