Tuesday, January 19, 2021
Home Свет Поранешниот француски претседател Жискар Дестен почина во 94-та година

Поранешниот француски претседател Жискар Дестен почина во 94-та година

Поранешниот франциски претседател Валери Жискар Дестен, кој ја извршуваше должноста во периодот од 1974 до 1981 година, починал во 94 година од животот по компликации поврзани со Covid-19, беше објавено во средата доцна вечерта.

Жискар Дестен бил хоспитализиран во градот Тур во западна Франција, соопшти радиото Europe 1, кое прво извести за смртта на поранешниот претседател на Републиката.

Фондацијата којашто го носи неговото име „Valery Giscard d’Estaing“ на Twitter објави дека пораншениот претседател починал во средата од компликации поврзани со болеста Covid-94, а дека во согласност со негавата желба, погребот ќе се одржи во семејна интима. Дестен бил примен во болница во септември со респираторни проблеми. Закрепнал, но повторно бил примен кон средината на ноември.

Неговото претседателство ќе биде запаметено по модернизацијата на француското општество, вклучително и дозволувањето на разводот со двострана согласност и легализирањето на абортусот.

За претседател е избрана на 48-годишна возраст, а на власта дојде по годините на деколистичкото владеење и притоа настојуваше да ја либерализира економијата, како и општествените ставови. На претседателската должноста дојде по смртата на Жорж Помпиду, меѓутоа, на кадидатурарта за реизбор беше поразен од социјалистот Франсоа Митеран.

Жискар Дестен, исто така, беше еден од клучните архитекти на европските интеграции во раните 1970-ти години, а во Европа е запаметен по воспоставувањето близок однос со поранешниот западногермански канцелар Хелмут Шмид, при што, воспоставувајќи го Европскиот монетарен систем, заедно ги поставија и основите на подоцнежната заедничка валута на подоцнежната Европска унија – еврото.

По повод смртта на Дестен, поранешниот француски претседтел Николас Саркози порача дека „Жискар целиот свој живот работеше на јакнењето на односите меѓу европските нации“.

Челникот на владејачката либерало-центристичка партија на актуелниот претседател Емануел Макрон во францускиот претседател, Кристоф Кастанер, истакна дека „модерните и решително прогресивни политики на Жискар… трајно го одбележаа неговото наследство“.

Интересно, во мај годинава беше објавено дека Париското обвинителство отворило истрага против Дестен под обвинение за сексуално напаствување на германска новинарка. Според обвинителството, истрагата против Дестен била отворена врз основа на тврдењата на новинарка на германскиот весник Süddeutsche Zeitung дека поранешниот француски претседател наводно сексуално ја нападнал за време на интервју во 2018 година.

Според германскиот весник и парискиот Le Monde, новинарката тврдела дека Дестен за време на интервјуто трипати ја фатил за задникот и дека таа се бранела обидувајќи се да му ја отргне раката. Германската телевизија WDR, за која новинарката го работела интервјуто, претходно објави дека за овој инцидент се спроведува истрага. Адвокатот на Дестен тогаш изјави дека неговиот клиент „не се сеќава“ на инцидентот за кој новинарката го обвинува.

Популарно