Tuesday, January 19, 2021
Home Популарно Трамп: Ќе се видиме за четири години

Трамп: Ќе се видиме за четири години

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп е се повеќе изолиран во обидот да ја оспори победата на Џо Бајден, а вчера тој навести можност за учество на претседателските избори во 2024 година, пренесуваат американските медуми.

“Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да добиеме уште четири. Инаку, ќе се видиме за четири години”, рече Трамп на божиќниот прием во Белата куќа.

На приемот присуствуваа лидерите на Републиканската партија и не беше отворен за новинари, но видеото од говорот на Трамп беше објавено подоцна.

Речиси еден месец по изборите, Трамп одби да го признае поразот во трката со Бајден.

Затворен во Белата куќа, тој ја ограничи комуникацијата со јавноста, сведувајќи ја претседателската комуникација со лутите твитови во кои зборува за изборни измами, за кои нема конкретни докази.

Популарно