Sunday, August 14, 2022
HomeМакедонијаФранција прифаќа дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и оти Македонците...

Франција прифаќа дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и оти Македонците до 1944 година биле Бугари?

Доколку вестите што стигнуваат од Бугарија се точни, францускиот предлог за почеток на преговорите со Македонија е штетен за македонските национални интереси и во никој случај властите во Скопје не смеат да се согласат. Малкумина знаат што значи тоа „преговарачка рамка“. Тоа се темите, поглавјата, кластерите за кои Македонија ќе преговара во текот на преговорите со ЕУ. Најпрвин беа 32 поглавја па на барање на Франција се претворија во шест кластери. Тоа е процес што ќе треба да го поминат сите нови кандидати и до тука не е ништо спорно. Но, со т.н француски предлог, максималистичките барања на Бугарија кои јасно ги кажа премиерот Петков ќе треба да станат дел од преговорите. Тоа во превод значи дека барањата на за јазикот, народот, историјата да влезат во делот за добрососедските односи и тој „чeптер“ никогаш да не го затвориме. Всушност можеме да го затвориме доколку ги прифатиме бугарските барања.

Во целава ситуација зачудува молкот кај власта во Скопје која вели дека прво ќе го видела францускиот предлог па ќе коментираат. 21 јуни

 

EnglishShqip

 

5history

 

ШТО ДОКОЛКУ СЕ ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ?

 

Франција прифаќа дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и оти Македонците до 1944 година.

Доколку вестите што стигнуваат од Бугарија се точни, францускиот предлог за почеток на преговорите со Македонија е штетен за македонските национални интереси и во никој случај властите во Скопје не смеат да се согласат.

Малкумина знаат што значи тоа „преговарачка рамка“. Тоа се темите, поглавјата, кластерите за кои Македонија ќе преговара во текот на преговорите со ЕУ. Најпрвин беа 32 поглавја па на барање на Франција се претворија во шест кластери.

Тоа е процес што ќе треба да го поминат сите нови кандидати и до тука не е ништо спорно. Но, со т.н француски предлог, максималистичките барања на Бугарија кои јасно ги кажа премиерот Петков ќе треба да станат дел од преговорите. Тоа во превод значи дека барањата на за јазикот, народот, историјата да влезат во делот за добрососедските односи и тој „чeптер“ никогаш да не го затвориме. Всушност можеме да го затвориме доколку ги прифатиме бугарските барања.

Во целава ситуација зачудува молкот кај власта во Скопје која вели дека прво ќе го видела францускиот предлог па ќе коментираат.

Невозможно е на ваков предлог да се крчка подолго време е Ковачевски, Османи и Пендаровски да се прават дека не се одовде.

Работата оди кон тоа дека Македонија повторно ќе биде ставена под свршен чин и дека најголемата крижа за власта ќе биде како предлогот да се „продаде“ на граѓаните. А тоа им успева се потешко.

Барањата на Петков сега поддржани од Франција се: Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент односно Декларацијата, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија и трето спроведување на Договорот за добрососедство.

Што содржи рамковната позиција

Во неа се бараат конкретни резултати на заедничката комисија во одно на заедничката историја до 1944 година вклучително и договор за Гоце Делчев ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание, отстранување на спорните плочи и заедничко славање на настани и личности.

Се бара усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19-от и 20-от век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.

Од Македонија се бара и да се откаже од поддршка за постоње на македонско малцинство во Бугарија па дури и да побара од Советот на Европа да не дава нивна поддршка.

Од медиумите се бара во никаков лош контекст да не се споменува Бугарија и лицата кои се самоидентификуваат како Бугари.

 

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img