Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаНов бизнис во семејството на Анета и Џими од група „Молика“, си...

Нов бизнис во семејството на Анета и Џими од група „Молика“, си знаат каде се парите

За битолската група „Молика“ и познатата пејачка Анета, турнеите преку океанот како и настапите на домашен терен се во константна динамика години наназад. Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат. Деновиве повторно се на турнеја во Австралија каде и тоа како се очекувани од нашинците во дијаспората. Сепак, Мицевска вели дека до успехот не се доаѓа така лесно, а тоа го почувствувале и на сопствен грб. „Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни. Понекогаш доаѓаат и моменти кога сум уморна или болна и не можам да пеам, но во ниту еден момент го немам откриено тоа. Се појавувам на бина и професионално и до крај си ја извршувам работата. Тоа е товарот на нашата професија, но јас не се жалам“, вели Анета за „Убавина и здравје“ и додава дека за пензионирање се уште е рано, бидејќи допрва следуваат нејзините пет минути. Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Апсолутно секој викенд им е букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега. За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око. Анета има остварено соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ. Во август во 2020 година, Џими Мицевски од група „Молика“, доби снаа, односно неговиот син од првиот брак, Марио Мицевски реши да „рипне во тавче“. Имено, Марио на социјалните мрежи се пофали дека ја побарал раката на неговата партнерка Тина Филиповска. Овој романтичен потег се случи во манастирскиот комплекс Свети Наум во Охрид. На Фејсбук профилите и на Анета и на Џими е споделено видео од нов објект за веселби кој се вика „Молика“, а според презимињата Мицевски кои се означени на ова видео, станува збор за семеен бизинс на Мицевски, како што се презиваат Анета и Џими. По кризата која доста ја осетија угостителите, сега свадбите, крштевските, матурските, родендените повторно на големо се слават, а угостителите (заслужено по паузата) тријат раце. Во вистинско време, семејството Мицевски го отвара овој објект кој се наоѓа во Битола, и порачува: Прекрасната комбинација од вкусна храна и пријатен амбиент нека бидат вашиот избор,а ние ќе се погрижиме вашите најдрагоцени моменти да ги направиме незаборавни.Резервирајте ги вашите свадби,крштевки,родендени,матурски прослави и други фамилијарни забави“. Всушност, oваа обајава меѓу првите ја има споделено Марио, синот на Џими од Молика од првиот брак, па изгледа дека Марио е младиот газда , а тој и неговото семејство даваат се од себе да го разработат овој бизнис.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img