Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаГо паметите ли Цаки од групата „Кисми“, еве што прави сега и...

Го паметите ли Цаки од групата „Кисми“, еве што прави сега и каква убавица си „ќарил“ за жена

Групата Кисми беше доста популарна во деведесетите години, а песните од оваа фплк група: „Милионерче“, „За тие очи плави“, „Маријана“, „Оди, оди“, „Наташа“ се слушаат и сега. Во најголем број од домаќинствата сѐ уште имаше телефони со кружно бирање, на радијата ечеа песните од „Кисми“ и „Алпина“, така што ретко кој не ги помни и до ден-денешен нивните песни. Да се потсетиме на шеговит начин на 90-тите“, објави Црно бело во една прилика. Додека сите говорат за тоа колку денес е скап животот и колку времињата се промениле, на малку шеговит начин да се потсетиме како изгледаше деството во 90-тите. Ако се пронајдете во овие работи, со сигурност сте растеле во 90-тите:

– Знаете кои се Алпина и Кисми и сѐ уште ги помните нивните најголеми хитови“, пишува во овој медиум за групите што беа познати во 90-тите а меѓу нив е секако и групата Кисми. Сашко Нојкиќ или попознат во јавноста како Цаки – „Кисми“ е пејачот со кого забавата секогаш е загарантирана. Без сомнение тој важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи штимунг за сечиј мерак, објави во една прилика Вистина. Освен со настапи во Македонија, тој во последно време е се поприсутен и во земјите од западна Европа, секаде каде што живеат и работат Македонци, како Швајцарија, Германија, Италија…

Но, Цаки е еден од ретките наши естрадни уметници кој често има настапи и во соседна Бугарија. Таму како и во Македонија, со право го носи и прекрарот „крал на кафеаните“. Во март годинава, македонскиот пејач имаше настап во познатотот зимско туристички ски центар Банско, каде што во локалот каде што пееше направи невидена атмосфера, фантастичен штимунг и незаборавна забава. Во еден момент од својот настап Цаки присуствуше на необичен призор, а сцената што ја здогледа го натера да заплаче, односно му ги насолзи очите откако виде што се случува на една маса. Имено едно момче од гостите реши да ја запроси раката на својата девојка и да ја побара за жена. Таа откако му го кажа судбоносното да, што наиде на многу емоции кај сите, а го возбуди и нашиот„крал на кафеаните“ Цаки. Пејачот едвај ги сопре свите емоции и додржа да ги сопре и солзите и сериозно да не заплаче“, стои во текстотшто го напиша Вистина пред неколку месеци. А, што прави сега Цаки?

Тој се уште пее и за своите настапи известува на Фејсбук. На Цаки се сетија Владимир Блажев- Панчо и Андреј Ѓеорѓиевски од групата ДНК и го поканија токму него да биде дел од екипата во нивниот најнов спот „Ако утре ме нема“. Цаки заедно со целата екипа во овој спот пее, игра, лумпува, си мези и придонесува за штимунгот на овој спот и песна. Но, тој направил и свпја верзија од неа, ја препеал, за што ДНК известија на својата Фејсбук страница:

– Нашиот добар пријател и еден од најхаризматичните фолк пеачи Цаки Кисми, ни испрати видео каде пее дел од “Ако утре ме нема” во тотално негов стил. Слушнете како тоа звучи, а доколку се уште не сте го погледнале спотот, направете го тоа“, стоои во објавата на ДНК. Инаку, Цаки е оженет со убавата Пале Нојкиќ, па во една прилика тој објавил слика од неа, и ѝ го честитал роденденот со овие зборови: Среќен роденден, женичке моја. Пале, според сликите, му е голема поддршка на својот Цаки па доаѓа на неговите свирки, кои се доста чести и весели. Тој е исто така татко на две прекрасни деца, кои се веќе големи и од нив има објавено слика на социјалните мрежи. Овој наш пејач иако не е активен во медиумите, е активен таму каде што се снаоѓа како риба во вода, а тоа се кафенакси веселби и свирките кои секогаш му се полни.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img