Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаЗуица Лазова прозборе за љубовта на Наум за која cе боpела, и...

Зуица Лазова прозборе за љубовта на Наум за која cе боpела, и за нивните две деца

Магија, се случи неодамна, кога на сцената на “Прилеп Фест” се појави Зуица Лазова и ја отпеа величенствената композиција “Богородице”. Песна која никого не остави рамнодушен“, напиша Свет Австралија за нашата позната фолк пејачка. Песна која ги погоди сентименталните души, мајчинските срца и модерните печалбари, песна која проговори за разделбата помеѓу најблиските кои во беспаќето на суровата реалност бараат начин за да преживееат, а на крајот сфаќаат дека цената прескапо ја плаќаат“, стои во текстот.

– Богородице е дело на Александар Јовевски музика и аранжман и Борче Нечовски текст. Посебно задоволство ми причини сознанието дека кога Александар ја создал, веднаш помислил на мојот вокал и така направивме демо снимка која беше примена на “Фолк фест Валандово”, но се случи короната! Кога повторно ја пушти Александар, беше одбиена! Сакавме да биде отпеана со голем оркестар и во живо, но ете на комисијата не им се допаднала вториот пат!

– Во едно време-невреме, кога се повеќе млади луѓе заминуваат од државава, песнава навистина го допира секое мајчинско срце. На сцена ја почувствував истата енергија како кога ја отпеав “Утринска коба”.

Публиката уште на првите стихови ја препозна и ја награди со громогласен аплауз и тоа е најголемата награда што можевме да ја добиеме! Затоа сигурно ќе следи изработка на спот“, рекла Зуица. Потоа, таа зборувала и за својата работа како педагог, како професор по хрмоника во музичкото училиште.

– Како и да звучи ова, сепак ќе кажам дека педагошката работа секогаш ми била и ќе остане на прво место. Таа никогаш не е лесна, но е благородна и најубава за оние кои ги љубат и ги почитуваат децата и младите луѓе. Затоа и долги години паралелно ги работам овие две работи. Талентираните деца се нашата мотивација што ни дава сила да работиме и заедно да одиме напред и да постигнуваме успеси. Можеби ако не ја работев педагошката работа ќе постигнев многу повеќе на естрадата, но тоа немаше да бидам јас, немаше да бидам исполнета.“.

Зуица зборувала и за двете деца кои ги има со Наум Петрески, Македонка и Стефан, за кои има многу пати кажано дека се нејзината голема гордост и со Наум се трудат да ги воспитаат да станат добри луѓе.

– Македонка како физички, така и карактерно повеќе личи на татко и, а Стефан и во едно и друго на мене. Се повеќе се консултирам со Доне кога ќе отпеам нешто дали е добро или треба да се корегира, или кога ќе ми понудат песна, ми значи и нејзиното мислење“, рекла Зуица.

Потоа, таа зборувала и за тоа дека нејзините деца изучуваат музика. Како велат, крушата под круша паѓа, а Зуица и Наум имаат деца кои најверојатно дека ќе ги наследат во музичките води.

– Македонка е на ФМУ -соло пеење втора година и засега е посветена само на класичната музика, а Стефан е се уште во основно, ја изучува гитарата, но во последно време покрај класиката и рокот, како да почнува да се интересира и за народната музика“, изјавила Зуица.

Потоа, новинарката ја прашала за нејзината љубов и успешен и среќен брак со Наум Петрески, кои трааат долги години на овој начин: На крајот од овој разговор мора да истакнам дека вие сте жена која максимално се бореше и се избори за својата љубов. Сходно на тоа, убаво би било да го завршиме овој разговор со една порака за љубовта и вербата во неа?

– Љубовта е двигател на се! Уметниците се големи емотивци и посебно за нив ми се чини дека е најважно да бидат емотивно исполнети, а другите животни ставки се некаде подолу. Затоа нека царува љубовта!, рекла Зуица.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img