Friday, August 19, 2022
HomeБалканГЕРБ-СДС и ДПС до бугарското собрание доставија два проекта за решавање на...

ГЕРБ-СДС и ДПС до бугарското собрание доставија два проекта за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје

Пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС до канцеларијата на бугарското народно собрание доставија два проекта за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, објавува БГНЕС.

Документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.

Документот на ДПС беше поднесен синоќа, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадај по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“.

Инаку, францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали Македонија е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img