Предложив Албанец за премиер, но бев одбиен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за албанската ТВ Сири, кој го образложи тоа со желбата на ДУИ и на СДСМ, да имаат ексклузивитет кај Албанците.
„На прес-конференција предложив Африм Гаши да биде премиер, но ДУИ и СДСМ го одбијат таквиот мој предлог. Главното прашање не е дали ќе го прифатиме ние или не, но зошто социјалдемократите го отфрлија мојот предлог? – Можеби зошто Африм Гаши не е дел од ДУИ и дека според Али Ахмети и другите експоненти, ДУИ го има правото да ги приватизира интересите на Албанците во земјата. Би било добро овие прашања да ги поставите поинаку. Зошто ДУИ и Социјалдемократите не го прифатија мојот предлог Африм Гаши да станеше премиер?“, рече Мицкоски. Мицкоски вчера најави протестно лето и активна блокада на Парламентот. На есен, како што посочи ќе има нов сет на чекори.