Friday, August 19, 2022
HomeАвстралијаЧави до ѕвездите на Барселона: Не сакате во Австралија? Оставете пет милиони...

Чави до ѕвездите на Барселона: Не сакате во Австралија? Оставете пет милиони евра и нема да одиме…

Во првата сезона на клупата на Барселона, Чави заврши на второто место во шпанската Примера, зад Реал Мадрид. Зад Каталонците и шпанскиот стратег е една турбулентна сезона. Еден од главните проблеми за Чави беше несигурната финансиска состојба која носеше незадоволство кај играчите. Раководството на сите начини се обидува да ја поправи ситуацијата, со таа цел беше одигран и пријателски натпревар против екипа составена од најдобрите фудбалери во австралиската лига. Од тој натпревар Барселона инкасирше пет милиони евра, меѓутоа играчите не биле задоволни што требало да поминат толку долг пат за еден пријатлски натпревар. Тогаш Чави отворено им порачал која е целта на натпреварот. „Го играме овој натпревар за да помогнеме на клубот. Ако не сакате да патувате во ред, ставете пет милиони евра на маса ќе ги однесам кај претседателот и нема да одиме во Австралија“, зборувал Чави. Тој натпревар се одигра во Сиднеј пред повеќе од 70.000 гледачи, а Барселона славеше со 3:2 со головите на Дембеле, Траоре и Фати.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img