Friday, August 19, 2022
HomeСветСедумдесет и тригодишна Италијанка појде пеш на пат долг 22.000 километри

Седумдесет и тригодишна Италијанка појде пеш на пат долг 22.000 километри

Виена Камарота од Италија, во своето осмо десетлетие тргна пешки на пат долг 22.000 километри – од Венеција до Пекинг, со желба и цел да покаже дека и жените на нејзина возраст може да си ги остварат своите соништа ако сакаат…

Инаку, 73-годишничката носи и порака за мир. Таа го оди патот на Марко Поло низ 15 земји, па со ранец од 30 килограми минува 20 – 30 километри дневно, како што вели – исто како и римските воини со полна опрема. Многумина сметаат дека нејзиниот потфат е неверојатен, а и семејството – децата и внуците од дома ѝ даваат целосна поддршка. Како активна планинарка, таа е член и на Службата за спасување на планина и шампион во кајак.

– Живеам на југот на Италија, во еден прекрасен национален парк. Иако ние на југот не сме толку богати како на северот, ние сме и добри домаќини, сакаме да се дружиме и да запознаваме различни луѓе, вели Камарота.

Меѓу другото, таа минува и низ Србија. Јужно од Белград, истакнува, се чувствува како дома и секаде наидува на гостопримство.

– Мојата најважна порака е онаа до сите жени, особено до тие на моја возраст, дека ако навистина одлучат нешто, може да ги остварат сите свои соништа и желби! вели виталната авантуристка.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img