Friday, August 19, 2022
HomeАвстралијаМакедонците во Австралија дознаа кога доаѓа Влатко Миладиноски со Дамјан и Златко

Македонците во Австралија дознаа кога доаѓа Влатко Миладиноски со Дамјан и Златко

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера. Со неговите песни тој е познат не само на македонската сцена, туку и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

– Има период дома кога пеам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, изјави Влатко. Можеби единствен дует кој ми беше голема желба беше дуетот „Кажи ми вујче“ со мојот вујко Војо Стојаноски, доста сум горд на таа песна и секогаш ми е драга, изјави Влатко. Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови. Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус. „Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика за Екран.мк.

– Едно нешто не толку да ме изнервира, туку ми смета кај одредени, што пред се не си ги пеат своите, лично своите песни туку се трудат со странски да се докажат. Тоа е погрешно. На социјалните мрежи ретко е активен и како што вели има само „фан страница“ која ја води негов близок пријател бидејќи повеќе сака директна комуникација со луѓето. Миладиноски пред извесно време се огласи дека конечно ќе ја одржат турнејата во Австралија. „Долго очекуваната турнеа во Австралија,после три години, на триото Влатко, Дамјан и Златко ќе се случи во Ноември и Декември месец оваа година…“ На голема радост на Македонците во Австралија, деновиве ги објавија точните датуми на настапите како и местата на одржување. „Австралиска турнеја 2022 на прекрасното трио: Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски. Сега се достапни информациите за билетите за сите концерти. Резервирајте ја вашата маса сега, не би сакале да пропуштите.“

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img