Tuesday, August 9, 2022
HomeСпорт(ВИДЕО) Спектакл во Минхен со шест гола, Баерн и Лајпциг ги поделија...

(ВИДЕО) Спектакл во Минхен со шест гола, Баерн и Лајпциг ги поделија бодовите

Баерн и Лајпциг го одиграа дербито на 10. коло во германската Бундеслига, а на крајот мечот заврши без победник – 3:3.

Првите две екипи на табелата во германскиот шампионат ги одмерија своите сили во Минхен, а конечниот епилог на крајот беше шест гола, иако по сето она што го видовме, можеше да има и далеку повеќе.

Голеадата ја најави гостинскиот фудбалер Нкунку, кој во 19. минута го заобиколи Нојер и постигна погодок. Нојер претходно истрча од својот шестнаесетник и на некој начин е виновен за погодокот.

Во 25. минута младиот Мусиала влезе на местото на повредениот Мартинез, а само пет минуто подоцна погоди за израмнување на 1:1, за веќе во 34. минута Милер на втора асистенција на Коман вечерва да им донесе пресврт на Баварците.

Две минути подоцна „Биковите“ од Лајпциг возвраќаат. Џастин Клајверт прецизно стрела за 2:2. На отворањето од второто полувреме следуваше шок за домаќините, откако Форсберг погоди за нов пресврт на овој фантастичен натпревар.

Но, Коман забележува хет-трик на асистенции во 75. минута, а Милер со глава го постигнува вториот гол за конечни 3:3. и поделба на бодовите, што е и најреалниот исход на крајот.

Баерн со 23 бода останува лидер, додека Лајпциг е втор со 21. По 19 бода имаат Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, кој има и меч помалку од водечката тројка.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img