Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонија„Краток фитил“ - Арбер Адеми вика и фрла предмети кон пратеници

„Краток фитил“ – Арбер Адеми вика и фрла предмети кон пратеници

„Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со ‘каубојците“ од власта!“, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков споделувајќи видео од мобилен телефон на кое се гледа како претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми за време на расправата со пратеници од опозицијата вика и фрла предмети. На инцидентот му претходеа мешаница и викотница, а пратеникот Антонијо Милошоски на Адеми му го исклучи микрофонот. Видеото е споделено на Фејсбук со коментар од пратеникот Лефков.

Од видеото се гледа како доаѓа до расправија помеѓу Адеми, како претседател на Комисијата, и пратеници од опозицијата, кои реагираат доаѓајќи пред претседателската маса, незадоволни од начинот на водењето на седницата. Пратеникот Антонијо Милошоски на Адеми му го спушта (исклучува) микрофонот, Адеми не издржа, му ја удри раката на Милошоски, продолжи да  вика, а во еден момент дофаќа предмети што му се наоѓаат при рака, всушност филџан, шише, тацна од филџанот и ги фрла кон некого, или пак неодредено, кон опозицијата. Пратенички од ДУИ се обидуваат да го смират, во еден момент му ја гледаат десната рака, на која изгледа има исеченица и крв, (на хартијата што стоела пред Адеми се забележува црвена дамка). Но и самите пратенички, во општата викотница, викаат по пратениците од опозицијата. Индицентот почнал кога Адеми констатирал дека е усвоен дневниот ред, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците реагирале дека имаат предлози за дополнување… Дошло до викање и надвикување, Адеми со рака замавнувал, потоа „летнале“ филџанот, тацната… кон Алијанса за Албанците, кон ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Лефков подоцна, во нова објава, нагласи дека Адеми насила сакал да го протурка законот за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители, па потенцира:

„На нашите реакции тој буквално здиве! ‘Ој ти таму сус’ на Талат, надоградено до бесрамни граници!“

Инаку, Министерството за труд предлага работиот век на 60 судии и 13 обвинители да се продолжи до 67-годишна возраст, поради тоа што со законот за пензионирање на 64-годишна возраст се смета дека ќе има недоволен број од овие функционери за едно ефикасно правосудство.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img