Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаНови тарифни блокови за струјата: За „трошаџиите“ поскапо, за „штедливите“ поевтино

Нови тарифни блокови за струјата: За „трошаџиите“ поскапо, за „штедливите“ поевтино

Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа. Оние што трошат многу ќе плаќаат поскапо за потрошената електрична енергија, и обратно, уверуваат од Регулаторната комисија.

Во пресрет на новиот бран поскапувања на струјата кои се најавуваат од јули, Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти четирите тарифни блока за пресметка на електричната енергија за домаќинствата, а веќе в среда се очекува да се знаат и цените на блок-тарифите. Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа.

Првиот блок е за домаќинства кои трошат малку, од нула до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат над 1.050 киловати.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски електричната енергија во пониските блокови ќе чини поевтино, додека оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо. „Во текот на оваа недела, најверојатно в среда РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените“, најави Бислимоски.

Универзитетскиот професор Рубин Талески, смета дека во текот на зимата 98,8 отсто од домаќинствата ќе бидат во третиот блок. Потрошувачите од првите три блока пак, треба да добијат пониски сметки од 12 до 15 часот.  На сметките за струја од идниот месец точно ќе биде наведено која е цената на струјата и колкава е цената за користење на мрежата.

Колку ќе поскапи струјата?

Новата цена на струјата се очекува да биде позната наредниве денови. Таа ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.  Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената за услугата која ја вршат и до 80 проценти.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img