Friday, August 19, 2022
HomeМакедонијаКекеновски: Се одродија за еден БГ пасош

Кекеновски: Се одродија за еден БГ пасош

Професорот Јове Кекеновски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, многу често ги коментира политичките состојби во државата, притоа не заземајќи страна на една од двете големи партии. Јове Кекеновски деновиве, на својот профил на социјалните мрежи, објави два статуси кои привлекоа внимание со нивната актуелност.

-ЈАВНО ПРАШАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ И ЗАМОЛНИЦА ДО ПРОТЕЖЕАТА НА ДЕНКО МАЛЕСКИ

1. Дали Денко Малески се уште е надворешен соработник – Советник за прашања од областа на навдорешната политика на Претседателот на државата?

Ако и понатаму е советник добро е јавноста да дознае што тој го советуваше претседателот Пендаровски по однос на францускиот предлог ако се знае дека пред извесно време тој јавно тврдеше дека Македонците и Бугарите биле дел од еден народ, и дека во минатото македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале Македонци таму каде што пишувало Бугари?

2. Во контекст на историските и идеолошки заблуди на истиот тој Малески (а во обид за лична одбрана на наменски напишаното и кажано и тоа секогаш кога не е во интерес на Македонија и Макеоднците) во еден свој напис тој вели дека ,,Во едно либерално демократско општество, во јавна дебата не може да има етикетирање на предавници, петоколонаши или квислинзи”. Брееејјј, брејјј, Демек во едно такво општество секој може да си ја ,,плука” и омаловажува сопствената нација и држава, како и кога сака, а притоа да не му биде забележано. И доколку се обидеш да одговориш на неговите заблуди (свесно и наменски протежирани бесмислени и неосновани тези) тогаш тој и неговите протежеа ќе те етикетираат дека си националист. Демек нешто најлошо. Но, без разлика на неговата дневно политичка идеологија и политичка припадност лично сметам дека треба го оставиме човекот да си се чувствува и изјаснува како сака. Тоа е негово право и негов проблем. Меѓутоа сакам да ги замолам новинарите на кои овој човек им е идол и миленик помалку да не ,,трујат” со неговите бесмислени ставови и обиди за омаловажување на Македонија и Македонците.

Во вториот статус пред три дена, Кекеновски пишува:

„Покрај неспособната дипломатија вина за ситуацијата во која се наоѓаме сносат и оние говеда политичари и високи партиски функционери кои за да земат бугарски пасош свесно потпишуваа изјави дека имаат бугарски корени односно дека нивните таковци, мајки, дедовци, баби, прабаби и други имале бугарско потекло. Откако Бугарите јавно им ги објавија имињата дел од нив молчат како риби, а дел се обидуваат да глумат големи патриоти. Демек големи Македонци биле.

Од ваквите скаперници и недостојници дерман не видовме“, пишува во свој статус на социјалните мрежи професорот Јове Кекеновски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img