Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаМицкоски: Нема да прифатам менување на Уставот по бугарски барања и по...

Мицкоски: Нема да прифатам менување на Уставот по бугарски барања и по цена на мојата политичка кариера

-Предлогот, кој според нашите информации е пристигнат во Владата, за нас е неприфатлив. Се прави обид да се создаде перцепција за некаков триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори последните неколку часа го немаме видено. Но, врз основа на информациите со кои располагаме се работи само за два модифицирани збора. Се чудам од каде знае албанскиот премиер Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за македонскиот народ. Од каде Рама ја има таа информација, а ние, заедно со сите граѓани ја немаме. Се работи за предавство на Владата на СДСМ и ДУИ и затоа предлогот се крие, истакна лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На директно прашање дали без разлика и на сопствената политичка судбина останува против менување на Уставот за да се стават и бугарите во него, Мицкоски децидно порача дека не прифаќа.

-Нема да прифатам менување на Уставот и се со цел за вметнување на бугарските барања во истиот. И да стојам на тоа и го повторувам и по цена на мојата политичка кариера, истакна Мицкоски.

-Македонија е единствената држава која наместо да преговара според копенхашки критериуми, таа преговара по бугарски диктат. Барам веднаш Владата да го објави овој предлог затоа што велат дека е многу добар. Ако е толкку добар нека го објават веднаш. Ние нема да прифатиме решение штетно за народот и за индината на македонскиот народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој тврди дека на владината седница не биле споделени информации за содржината на францускиот предлог на присутните членови на владата.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img